На ден 9 октомври 2019 година, учениците од VI одделение заедно со натавничката Маринела Стојанова беа во посета на Територијалната противпожарна единица во Струмица. Оваа посета е реализирана согласно наставната програма по предметот Природни науки, а во корелација со наставната содржина Горење која учениците ја изучуваат на часовите по Природни науки. При оваа посета на учениците им беше одржано предавање во врска со пожарите и работата на пожарникарите.







