ГАЛЕРИЈА

 

Асфалтирање втор слој на спортски игралишта

Во текот на месец јули 2018 година извршено е асфалтирање на втор слој на спортските игралишта.

Атмосферска канализација

Во текот на месец јули 2018 година изведена е атмосферска канализација.

Инсталација на топловодно греење

Кон крајот на 2016 година започна реализацијата на најголемиот инфраструктурен зафат во училиштето- инсталација на топловодно греење. Овој капитален проект заврши на почетокот на 2017 година со што на почетокот од второто полугодие од учебната 2016/2017 година ООУ „Герас Цунев“- Просениково доби парно греење.

Термоенергетска фасада

Во текот на 2015 година  поставена е термоенергетска фасада на училиштето.

Нови тоалети во состав на училишната зграда

Кон крајот на август 2015 година интензивно се работеше на довршување на новите тоалети во состав на училишната зграда.
Изградбата на новите тоалети заврши во декември 2015 година кога истите беа пуштени во употреба.

 

Нова водоводна мрежа

Во текот на месец декемви 2015 година поставена е нова водоводна мрежа во училиштето, а притоа е извршена  замена на старите поцинкувани цевки со нови пластични со што е  обезбедена чиста вода за пиење.

Паркинг за велосипеди

Нова опрема за кошаркарско игралиште

Ентериерно уредување на училиштето

ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА

Во декември 2014 година училиштето доби фекална канализација со што се реши долгогодишниот проблем со кој се соочуваше училиштето.