НАСТАВА ОД ДАЛЕЧИНА

Информативна страница за процесот на одвивање на наставата од далечина (онлајн настава).

Оваa страница е од информативен карактер на која се поставени основни податоци и врски за одвивањето на наставата од далечина. Страницата ќе се ажурира и надополнува.

Согласно одлуката на Комисијата, во ООУ „Герас Цунев“ – Просениково наставата во учебната 2020/2021 година ќе започне на следниот начин:
– За учениците од I до III одделение- настава со физичко присуство
– За учениците од IV до IX одделение- настава од далечина (онлајн настава)

Наставата од далечина (онлајн настава) во нашето училиште ќе се одвива во две смени и тоа:
ПРВА СМЕНА за учениците од VI до IX одделение;
ВТОРА СМЕНА за учениците од IV и V одделение;
Подолу ви е поставен распоред на времетраење на часовите и за двете смени.

Документи

Распоред на часови

РАСПОРЕД VI-IX ОДДЕЛЕНИЕ
РАСПОРЕД IVV ОДДЕЛЕНИЕ

ВАЖНО! За да ја следите онлајн наставата претходно треба да ја имате инсталирано апликацијата MS Teams. До линкот за инсталација може да пристапите ТУКА.

Национална платформа за е-учење

Најава на Националната платформа за учење на далечина (НПУД) ТУКА.