На ден 9 октомври 2019 година, учениците од VI одделение заедно со натавничката Маринела Стојанова беа во посета на Територијалната противпожарна единица во Струмица. Оваа посета е реализирана согласно наставната програма по предметот Природни науки, а во корелација со наставната содржина Горење која учениците ја изучуваат на часовите по Природни науки. При оваа посета на учениците им беше одржано предавање во врска со пожарите и работата на пожарникарите.
Category: Uncategorized
22 Април- Ден на планетата Земја
Во услови на вонредна состојба, кога училиштата се практично затворени, а наставата продолжува да се реализира преку учење од далечина, односно онлајн, нашите ученици продолжуваат вредно работат.
По повод денешниот ден, кога воедно се одбележува и 50- годишнината од Денот на планетата Земја, учениците од II одделение на часот по ликовно образование, под менторство на своите наставнички како и учениците од VII и VIII одделение на часот по англиски јазик, под менторство на својата наставничка Љупка изработија илустрирани пораки во чест на планетата Земја.


















































